Направете уникатна чантичка од старa книгa

PicMonkey Collage1(57)

Овие чантички ја освоија модната сцена и станаа тренд кај познатите личности. Но за да не потрошите цело богатство на еден ваков моден детал ќе ви покажеме како со малку труд може самите да си направите своја книга-чантичка. Потребни ви се неколку алатки и малку фантазија.

Потребни материјали:

  • книга
  • дрвофикс
  • игла
  • конец
  • парче ткаенина
  • хартија за печење
  • механизам за затварање
  • линијар
  • молив
  • супер лепак
  • скалпел
  • сад за мешање на лепак и дрвофикс

Кратка напомена: внимавајте книгата која ќе ја одберете да биде доволно голема за во неа да може да ги сместите сите работи кои планирате да ги носите во неа.

Упатство:

1. Со дрвофикс обложете ја корицата на книгата, а потоа облепете ја со парчето ткаенина.

2. Со помош на линијар и моливче нацртајте ги рамките на страниците каде што сакате да направите вдлабнатина. Потоа со скалпер направете ја вдлабнатината.

3. Пред да почнете да ги лепите сите страници заедно, обложете го и издлабениот дел со парче ткаенина. Чантата треба да биде убава и однатре.

4. Време е да ги залепите сите страници заедно. Тоа најдобро ќе го постигнете така што ќе ставите исечена хартија за готвење на три главни дела: два меѓу кориците на книгата и хартијата и еден во средината – онаму каде што ќе одредите дека ќе се отвара вашата чантичка. Обложете ги краевите на хартијата со супер лепак, а откако ќе се исуши „зацементирајте“ со дрвофикс.

5. Со игла направете дупчиња на горните страници од книгата бидејќи тука ќе се зашие останатото парче ткаенина.

6. За да одредите колку сакате да ви се отвара чантата, само свртете ја книгата и одредете ја ширината. Тоа ќе ви помогне да видите колкаво парче ткаенина ќе ви биде потребно.

7. Исечете симетричен, речиси дијамантски облик (направете шаблон на салфетка) од ткаенината, само внимавајте двете да бидат еднакви.

8. Превртете ги наопаку, а потоа сошијте им ги врвовите.

9. Сега треба да ги вшиете за книгата. Превртете ги на лице и вшијте ги за дупчињата кои претходно ги направивте на страниците од книгата.

10. На крајот залепете го механизмот за затварање и вашата чантичка е готова!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *