Направете украсна чинија од лисја – есенско декорирање на домот

make-leaf-bowl55-634x360

Есента веќе пристигна, па набрзо ќе забележиме како крошните на дрвата ја менуваат бојата, а во парковите ќе може да најдеме суви лисја во прекрасни портокалови и жолти тонови.

Ви предлагаме да ги соберете тие листови и да направите фантастична декоративна чинија која сите ќе ја забележат. Од материјали ќе ви бидат потребни: балон, дрвофикс, лисја и малку волја!

Надувајте го балонот и фиксирајте го да не се поместува. Премачкајте го со дебел слој дрвофикс.

Залепете го првиот лист во средината на балонот, па премачкајте го со дополнителен слој дрвофикс.

Продолжете да ги редите лисјата еден врз друг, постојано премачкувајќи ги со слој од дрвофикс. Редете ги лисјата додека не го добиете посакуваниот облик и длабочината на чинијата.

Оставете дрвофиксот добро да се исуши – најдобро е да преноќи, а потоа дупнете го балонот! Вашата чинија е готова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *