Направете сами креда во боја

chalkfest3

Сите знаеме дека децата ги обожаваат боите, а цртањето со креда е една од нивните омилени активности. Следува рецепт за тоа како на вашите деца да им направите креди и со тоа да им го развеселите цртањето.

Состојки:

– темперни бои
– 1 чаша вода
– 1 чаша гипс

Подготовка:

Гипсот и водата измешајте ги и на смесата додадете ја темперната боја. Смесата ставете ја во чаша или калап, се во зависност од дебелината на кредата која сакате да ја добиете. Потоа оставете да се исуши и зацврти. Овие креди брзо се прават и лесно се бришат со вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *