Оригинално – направете необични вазни за цвеќе

hmm_ep11_bloktagons_option8

Декорирањето на домор не мора да биде скапо и комплицирано. Некогаш најдобро е некои украси да ги направите сами. Денес ви претставуваме необични вазни за цвеќе кои навистина ќе остават впечаток во домот.

Потребен материјал:

  • дебела хартија
  • подебел шраф
  • лепак
  • ножици
  • мешавина за цемент
  • сад (во кој ќе го мешате цементот)

Изработка:

На хартија испечатете некои од овие три оригами шаблони, кои потоа ќе ги исечете и залепите, правејќи од нив калапи за цемент. Шаблоните преземете ги од тука: Шаблон 1, Шаблон 2, Шаблон 3.

Откако ќе ги испечатите шаблоните, исечете ги и залепете ги како што е обележано. Препорачуваме да ги испечатите на подебела хартија за калапите да бидат поцврсти.

Следен е цементот. Замешајте го цементот во еден сад според постапката означена на пакувањето. Потоа, ставете го во калапите и во центарот забодете дебел шраф (кој подоцна, откако ќе го извадите ќе служи како отвор за цвеќе и вода).

По 4-5 часа одмотајте ја хартијата и извадете го шрафот за да не се залепи за цементот. Цементот и понатаму ќе биде влажен, но формата нема да се промени. Почекајте околу 20 часа и вашите вазни ќе бидат готови.

Добивте прекрасни вазни кои ви гарантираме дека нема да останат незабележани.

Можете дури и да ги трансформирате во саксии во кои ќе чувате некој помал сукулент или кактус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *