Направете фантастична декоративна полица од стапчиња од сладолед

DIY-Wall-Art-Hexagon-Shelf-16

Декорирањето на домот е една од нашите омилени сфери од секојдневниот живот. Едноставно не можеме да одолееме, а да не го разубавиме домот со некој нов декоративен елемент. Тоа не мора да биде некој претерано скап детал; можете дури и сами да си направите од материјали кои можеби планиравте и да ги фрлите.

Заштитете ја околината и разубавете го домот – две муви со еден удар!

Денес ви откриваме фантастична идеја да направите декоративна полица од стапчиња од сладолед. Погледнете го упатството и следниот пат не фрлајте ги стапичињата од сладолед.

Потребни материјали:

  • Лист и моливче
  • стапчиња од сладолед
  • лак за дрво или фарба во саканата боја
  • лепак за дрво

На листот нацртајте облик на правилен шестоаголник, така што секоја страна ќе биде еднаква на должината на стапчињата. Потоа наредете го првиот ред стапчиња во шестоаголен облик така што ќе им ги залепите страните со лепак за дрво.

DIY-Hexagon-Shelf-Popsicle-Sticks-5

На ист начин, внимателно лепејќи, наредете ги и останатите редови стапчиња додека не дојдете до саканата длабочина на вашата идна полица.

DIY-Wall-Art-Hexagon-Shelf-4

На крајот прелакирајте ја или обојте ја во саканата боја и оставете добро да се исуши.

DIY-Wall-Art-Hexagon-Shelf-5

И тоа е тоа! На полицата можете да ставите ситни декоративни предмети или минијатурни саксии со цвеќе, но избегнувајте потешки предмети.

DIY-Hexagon-Shelf-Popsicle-Sticks-4

DIY-wall-art-popsicle-stick-craft

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *