Направете цветни апостолки за 15 минути

japanke

Ова лето бидете женствени дури и во апостолки! Денес ви прикажуваме едноставен и брз редизајн на апостолките кои можете да ги направите дома за само 15 минути.

Потребен материјал:

  • апостолки
  • вештачко цвеќе
  • супер лепак

Постапка:

Исечете ги стеблата на цвеќето така што ќе остане само цветот.

Потоа со лепак почнете да ги лепите цветовите на апостолките.

Исто тоа можете да го направите со сандали. Еве уште еден предлог.

Постапката е идентична: Со лепак залепете ги цветовите по каивчињата на сандалите, внимавајќи добро да бидат прицврстени. Оставете ги половина час да се исушат! Навистина е едноставно, зар не?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *