Највкусните брауни колачиња

106-301vye2dwhyaxwskylof7k

За овој рецепт не ви треба ниту премногу труд, ниту премногу време, и што е најважно, ви требаат само три состојки кои што можеби и веќе ги имате во вашата кујна. Исто така, овој рецепт е без глутен, па во него ќе може да уживаат и оние кои што се чувствителни на глутенот.

Потребни состојки:

● 4 јајца
● 200гр чоколадо
● 1 мала лажичка прашок за пециво

Подготовка:

Најпрво стопете го чоколадото а во меѓувреме сматете ги јајцата. Матете ги со највисоката брзина на миксерот, околу 6 минути. Откако ќе ги сматите јајцата така што ќе добиете цврста смеса, додадете го прашокот за пециво. Повторно матете со миксер. Додека матите, додадете го и стопеното чоколадо.

Додека ја подготвувате смесата, вклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови за да биде загреана пред да ги ставите колачите да се печат.

Откако добро сте ги промешале сите состојки, ставете ги во тавче за печење и печете во загреана рерна околу 30-тина минути.

Кога ќе се изладат, исечете ги и декорирајте по желба пред послужување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *