Најпопуларни модели на костими за капење за оваа сезона

women beach miranda kerr sand bracelets swimsuits 1920x1200 wallpaper_www_wallfox_net_80

Летен распуст, годишен одмор, сите со нетрпение чекаат да избегаат од градот и да заминат на некоја плажа, покрај море, да ги закопаат стапалата во топлиот песок читајќи некоја одлична книга.

Доколку поради обврските досега не  стигнавте да се занимавате со најновите трендови за капење погледнете кои се најпопуларните костими за капење за лето 2015 година!

1. Длабок струк – овој крој е повторно во мода. Се врати од 40-тите и 50-тите години на минатиот век, а идеален е за девојки кои можеби сакаат малку да го сокријат стомакот. Интересните принтови или некое впечатливо ланче се тука да им дадат личен печат на овие костими за капење.

2. Бикини со украси – доколку спаѓате во групата девојки кои обожаваат накит, цветни дезени и сè што е романтично и женствено, тогаш костимите за капење со украсни детали ќе бидат идеален избор за вас. Тие се хит ова лето и ќе ви дадат еден уникатен изглед.

3. Едноделни костими за капење со минимални детали – уште едно големо враќање на познатите едноделни костими за капење инспирирани од „Чувари на плажата“ од деведесеттите повторно доминираат на модната сцена. Но она што се разликува од тогашните модели е тоа што оваа сезона добредојдено е тие да имаат барем еден детал на себе, па макар и да е минималистички. Голиот грб со испреплетени тенки ресички или мрежастиот дизајн ќе му дадат модерен печат на овој „стар“ модел.

4. Асиметрични едноделни костими за капење – овие модели се наменети за смели дами кои уживаат да експериментираат со модниот стил со екстравагантни комбинации. Еден ваков асиметричен крој ќе му даде на вашиот стил личен шик печат. Бидете уникатни и дојдете до израз!

5. Едноделни костими за капење со потпора – овие модели на едноделни костими за капење се идеални за покрупните дами на кои им е неопходна потпора во вид на корпи во пределот на градите. Покрај тоа што ќе ја врши својата функција да ги држи работите на место, тој ќе направи и лифтинг и ќе му даде на градниот кош побуен изглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *