Најнов пролетен тренд: лесен мантил

landscape-1456863660-hbz-soft-trench-00-index1(2)

Кожната јакна и тренч мантилот се парчиња гардероба кои морате да ги имате во вашиот орман, исто како што мора да имате барем едни фармерки кои ви стојат совршено, бела кошула и мал црн фустан.

Сепак, трендовите оваа пролет наметнуваат нови, интересни нешта. Освен популарната бомбер јакна, вниманието го привлече и лесниот долг мантил. Во него ќе изгледате модерно, префинето и лежерно. Ви нудиме предлози како да го носите оваа сезона.

Изработен од лесен материјал, мантилот најчисто е долг до половина листови. Ова парче гардероба е во духот на седумдесеттите години, а денес, кога е повеќе од популарен може да се носи во различни прилики и на различни начини.

Најчесто е во пастелни и неутрални бои кои лесно се комбинираат, а ова се некои од предлозите кои можете да ги искористите.

Со фармерки:

pinterest-horz

Тесен џинс, боди маичка и мантил со долги ракави, искомбинирани со сандали со ременчиња е одлична комбинација и навистина е нешто за што можеме да кажеме дека е едноставно, а убаво. Полежерна варијанта е блузон наместо маичка и тексас кошула врзана околу струкот.

Многу популарниот мантил без ракави исто така може да ја направи комбинацијата уште поинтересна.

Со патики:

ATM-Anthony-Thomas-Melillo-Fleece-Sweatpants

Иако претхохдните три комбинации може да ги искомбинирате со балетанки, оксфорд чевли, па дури и патики, како што гледате, ќе изгледате многу интересно и кул ако под мантилот облечете, ни помалку ни повеќе, туку тренерки. Капата како одличен детал и мантилот кој на целиот изглед му дава шик нота, покажува дека и спортските варијанти може да се носат низ град доколку се искомбинираат на вистински начин.

Со шорцеви:

pinterrst3-horz

Кратките шорцеви и штикли можат да делуваат по малку провокативно. Сепак доколку облечете кошула, а врз неа долг мантил изгледот ќе добие една сосема поинаква нота.

За свечени прилики:

hbz-soft-trench-kendall-horz

Кога станува збор за свечените прилики, се подразбираат фустаните, здолништата и комбинезоните. Лесниот мантил врз свилен материјал изгледа многу заводливо, и всушност ретко која комбинација се вклопува толку добро во однос на материјалите и должината.

Можете незадолжтелно да го нагрнете на рамениците, да ставите каиш или едноставно да го носите откопчан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *