Најисчекувани албуми ова лето

landscape-1432227528-hbz-the-list-summer-albums-index1-1000x500

Се наближува летото, иако ако погледнете низ прозорецот изгледа како есен. Вашата плејлиста е преполна со песни кои се веќе одамна преслушани доволно пати за да заслужат одмор, па затоа ви предлагаме да го погледнете нашиот список на нови, сè уште необјавени албуми, кои се крчкаат, а од први јуни некои од нив ќе го видат светлото на денот.

Најдобро од најдоброто или по нешто за секој – така изгледа нашиот список на албуми кои заслужуваат да бидат преслушани ова лето:

1. Florence + The Machine

Со нетрпение се очекува новиот албум на надарената Флоренс Велч, особено откако ни ја заскокотка фантазијата со синглот „What Kind of Man“. Новиот, трет албум „How Big How Blue How Beautiful“ треба да се појави на 1 јуни, ќе содржи 11 песни, вклучувајќи го и веќе објавениот сингл, а продуцент на снимањето беше големата ѕверка – Маркус Дравс.

2. Kurt Cobain: Montage of Heck

Откако преслуша повеќе од 200 часа никогаш необјавен звучно-музички материјал од архивите на Курт Кобејн, Брет Морген реши да направи компилација од песни на пејачот и гитаристот на групата Ниврвана. За сега уште се чека на официјалниот датум на објавување на оваа компилација, но нема сомнение дека ќе се достигнат милионски тиражи.

3. James Taylor Before This World

Долго чекавме Џејмс Тејлор да објави нов соло албум, уште од 2002 година кога е објавен претходниот „October Road“. И еве, ако може да им се верува на објавите од медиумите на 16 јуни ќе се појави неговиот нов албум „Before This World“. Оние кои знаат за каков мајстор станува збор може само да се  радуваат, а оние кои никогаш не го слушале може да се опуштат на неговата мешавина од блуз, поп и фолк рок.

4. Frank Ocean

Три години по успешниот „Channel Orange“ соул мајсторот Френк Оушн го најави излегувањето на новиот албум. Во јули би требало да се појави новиот албум, иако нема официјална најава. А со оглед на тоа дека доаѓа летото помислете само како сонцето совршено одговара со соул музика.

5. A$AP Rocky At. Long. Last. ASAP

Омилениот рапер меѓу манекенките, а веројатно и на останатиот дел од модниот свет конечно ќе го објави својот нов албум на 2 јуни. Дебитантското остварување од 2013 година „Long. Live. ASAP“ веќе одамна го достигна врвот на својата продажба, па време е златото да се повтори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *