Најчудните и најбесмислени улици во светот

california_5dywu.T0

Од застрашувачки скалила до неверојатно комплицирани кривини, некои улици во светот станале вистински туристички атракции познати по својата бесмисленост.

Улицата Ебензер, Шкотска

Oваа мала улица има само една адреса која се наоѓа на влезот во хотелот „Mackey“. Ова е единствената улица на светот во која е невозможно да се изубите, од едноставна причина што е долга само 2 метри. Хотелот бил изграден во 1883 година, а четири години подоцна, патот бил официјално прогласен за улица.

3933294885_e4052ed4d0
Магичен кружен тек, Свиндон

Кружните текови во Велика Британија сами по себе се застрашувачки поим за сите туристи возачи, меѓутоа, кружниот тек во Свиндон е дефинитивно место на кое треба да ги активирате сите сетила или пак по можност да го избегнете. Тој се состои од пет мали кружни текови од кои треба да бидете внимателни да го одберете правилниот. Што е најзастрашувачки, замислено е на средниот тек да се вози во спротивна насока од останатите.

169083_66fc0a035a3387a16a036639dbc5151c_large
Улицата Ломбард, Сан Франциско

Најблиска асоцијација за ова се патеките на Формула 1. Оваа улица се состои од седум остри свиоци на секои сто метри. Направена е така за да се направи Ломбард да биде што е можно помалку стрмна и побезбедна.

california_5dywu.T0

Улицата Балдвин, Нов Зеланд

Или во превод, најстрмната улица во светот. За секои извозени 2.86 метри ќе ја промените надморската височина за еден метар. Ова и дава на улицата стрмнина од дури 35%, поради што сопствениците на возилата мораат да ставаат цигли зад гумите на нивните автомобили. Со оглед на тоа што станува збор за населена улица која од двете страни има куќи, прашање е како овие жители се справуваат со зимските појави како снег и мраз.

4394155147_cfe2053388_o

Улицата Јoнг, Канада

…е најдолгата улица во светот, која се протега во должина од 1895 километри. Почетокот на изградбата на оваа улица е означен и како национален празник. Одалеченоста измеѓу почетната и завршната точка е еднаква на одалеченоста меѓу Сан Диего и Сиетел.

201141-yonge-gadjo

Улица 9 јули, Буенос Аирес

Оваа улица го добила своето име според националниот Ден на независноста, а е позната како најшироката улица во светот. Имено, храбрите пешаци мораат да изминат 150 метри, и дури девет траки во секој правец, за да преминат на другата страна.

45459472_c3e812fd39

Путрајаја, Малезија

Најголемиот кружен тек во светот. Поради должината, воопшто и да немате впечаток дека возите низ кружен тек. Долг е дури 3900 метри.

8457440121_7f838e95ea

Улицата до Гиза, Египет

Ова е една од најстарите улици во светот, а позната е по тоа што е најстарата поплочена улица. Изградена била за потребите на превозот на градежни материјали од југозападно Каиро до езерото Моерис. Должината изнесува точно 11.26 километри, и претставува национален симбол на Египет.

3800091121_8382b35184

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *