Најчестите грешки при обликувањето на веѓите и како да ги поправите

maxresdefault(54)

Постојат многу жени кои и покрај многуте упатства и туторијали имаат проблеми при шминкањето. Една од најтешките работи, кога се работи за шминкањето, е правилното обликување и исцртување на веѓите.

Постојат неколку чести грешки кои можеби и несвесно ги правите, кои ќе ви помогнеме да ги поправите.

1. Бушави и неуредни

Доколку имате густи веѓи сигурно сте се соочиле со овој проблем. Најголемата мака кај густите веѓи е нивната неуредност.

Не дозволувајте да бидат бушави, ниту пак да дозволите некое подолго влакненце да отскокнува од останатите. Редовно чупкајте ги и повремено шишајте ги со мали ножички за секое влакненце да биде на место.

151002_marie_claire_maybelline_story2_shot3_004r

Доколку веѓите ви се премогу непослушни и стално се разбушавуваат, најдобро е да користите гел за да ги фиксирате. Уште една алатка која може да ви помогне при обликувањето е чешелчето кое ќе ги врати сите влакненца на свое место.

2. Претемни веѓи

Уште една честа грешка при обликувањето на веѓите е нивното исцртување. Чест проблем е што жените не умеат да ја погодат соодветната нијнса на моливче за веѓи. Во најголемиот број случаи тие се одлучуваат за моливче кое е една или две нијанси потемно од природните веѓи. Но тоа е грешка!

151002_marie_claire_maybelline_story2_shot4_042r

Претемната нијанса може да го направи вашето лице побледо одошто е. Одлучете се за нијанса која најдобро му одговара на вашиот тен и кое ќе им даде сосема природен изглед на веѓите.

3. Премногу спуштен лак 

Тука грешат многу жени, па не се вознемирувајте премногу околу тоа. Внимавајте лакот на веѓите да ја следи линијата на слепоочните коски, а не да се спушта кон капаците. Ваквите веѓи му даваат на вашето лице тажен и изморен изглед, а сигурни сме дека не сакате да го постигнете тоа.

151002_marie_claire_maybelline_story2_shot5_125r

При исцртувањето на веѓите правете паузи за да погледнете каде сте згрешиле и како да ја поправите грешката. Најдобро исцртани и обликувани веѓи се оние кои изгледаат најприродни.

Не претерувајте со бојата, внимавајте на нивниот облик и редовно одржувајте ги. Ви гарантираме дека нема да згрешите.

151002_marie_claire_maybelline_story2_shot1_059r

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *