Музиката како лек – 10 проблеми кои може да се излечат со музика

music_other_113-1000x500

Музика е нешто прекрасно. Таа во нас  буди желба да танцуваме, но исто така ни овозможува барем за кратко да избегаме oд реалниот свет. Но музиката не е само тоа. Таа исто така може, меѓу другото, да ја подобри меморијата кај пациенти со деменција и им помага да развијат нови спомени. Погледнете кои проблеми можат да се решат со помош на музиката:

1. Мала тежина при раѓањето на детето.
Децата кои се родени предвреме обично бараат подолг престој во болница, каде што им се помaга да добијат тежина и сила. За да се олесни овој процес, многу болници пуштаат музика. Група канадски истражувачи откриле дека пуштањето музикај кај предвремено родените деца го намалува нивото на болка и поттикнува подобри навики во исхраната, кои помагаат побрзо да се качи телесната тежина. Болниците исто така користат звуци кои го имитираат чукањето на срцето на мајката, со тоа помагајќи им на бебињата да заспијат полесно. Истражувачите исто така, тврдат дека музиката на Моцарт значително ја намалува количината на енергија која се користи од страна на бебињата, со што се добива на тежина.

2. Овенати растенија.
Дороти Реталак во 1973 година напиша книга „Звукот на музиката и растенијата“, во која детално се испитува влијанието на музиката врз растот на растенијата. Дороти одвои една група растенија и ја изложи на рок музика и друга група која ја изложи на класична музика. На крајот на студијата растенијата во втората група имаа униформирана големина, бeа полни и зелени и наклонети кон изворот на музиката. Растенијата од првата група беа екстремно високи со избледени листови, а корените им беа наклонети подалеку од изворот на музиката. По неколку дена растенијата од првата група сосема овенале.

3. Катастрофални последици од повреда на мозокот.
Како третман на повреди на мозокот, некои истражувачи ја користат музиката бидејќи ги стимулира деловите од мозокот кои го контролираат движењето и говорот.  Луѓето со невролошки оштетувања, по мозочен удар или оние боледуваат од Паркинсонова болест,  можат да го повратат чувството на симетрија и рамнотежа со помош на музиката.
Слично на тоа, ритамот им помага на пациентите да ги испеат оние зборови кои не можат да ги изговорат. Една студија на деца со аутизам кои не зборуваат, го потврди позитивното влијание на музичката терапија за изговорот на зборовите.

4. Губење на слухот.
Музика не може да го излечи губењето на слухот, но може да го спречи. Едно истражување спроведено на 163 возрасни лица, од кои 74 биле музичари, го тестираа слухот на учесниците со серија на тестови. Се покажа дека музичарите имаат далеку подобар слух. 70-годишен музичар подобро ќе разбере говор во бучна средина, за разлика од 50-годишен маж, кој не е музичар.

5. Оштетувања на срцето.
Не, ние не зборуваме за дефекти на срцето предизвикани од љубовта. Станува збор за оштетувања на срцето, кои се јавуваат по срцев удар. Музиката може да им помогне на пациентите кои се опоравуваат од срцев удар или операција на срцето, бидејќи таа го намалува крвниот притисок, го забавува срцето и ја намалува анксиозноста. Превентивно може да се обидете со слушање на “среќна” музика, по која ќе се чувствувате подобро. Истражувањата покажале дека слушањето на песни кои предизвикуваат чувство на радост, предизвикуваат подобра циркулацијата на крвта која поттикнува добро здравје на нашите крвни садови.

6. Неквалитетни спортски активности.
Една студија од 2005 година, спроведена во Велика Британија покажа дека слушање музика во текот на рекреативните активности ги зголемува атлетските перформанси за 20 проценти. За најдобри резултати, обидете се да слушате музика со брзо темпо за време на интензивен тренинг и побавни песни за време на паузите.

7Музиката го намалува стресот и вознемиреноста кај бремените жени.

Добро е бремените жени да слушаат музика барем 30 минути дневно затоа што тоа ги намалува симптомите на стрес, анксиозност и депресија. Бременоста е идеално време за жените да научат приспивни песнички кои ќе им ги пеат на своите малечки.

8. Музиката ја намалува хроничната болка.

Секојдневното слушање музика може да ја намали хроничната болка со 21%, велат научници од Охајо. Тие го истражувале ефектот на музиката кај пациенти со хронична болка кои уживале во звуците на музиката по еден час секој ден. Експертите не тврдат дека музиката целосно ќе ја отстрани болката, туку дека таа може да биде пријатно дополнување на терапијата препишана од лекар.

9. Музиката ги намалува симптомите на депресија.

Музичката терапија им се препорачува на пациенти кои страдаат од депресија токму поради тоа што пријатната музика го подобрува расположението. Американски истражувачи откриле дека кај пациентите кои страдале од депресија, а кои слушале музика 1 час дневно, со тек на време симптомите се намалиле за 25%.

10. Музиката им помага на луѓето со рак.

Истражувањата покажуваат дека музичката терапија им помага на луѓето кои се лекуваат од рак подобро да се справат со симптомите. Музиката им ја намалува анксиозноста на луѓето кои се лекуваат со радијација, а кај пациентите кои се на хемотерапија се намалуваат гадењето и повраќањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *