Модели на чанти кои ќе се носат оваа пролет

fashion street style floral prada purse bag light blue black flowe dress print on print cococozy street tommy ton style dot com (1)

Пролетта веќе пристигна, па ако уште не сте се подготвиле за оваа сезона погледнете што препорачуваат дизајнерите кога станува збор за чантите. 

1. Тркалезни чанти

Дизајнерите одлучија да донесат нешто ново во поглед на обликот на чантите, па така на сцената се најдоа и тркалезни чанти. Тркалезните чанти со долго или кусо ременче, како и оние кои се носат во рака како коктел чанти ќе бидат вистински хит оваа сезона. Можат да се носат во дневни и вечерни варијанти кога сакате да изгледате различно и оригинално. Одговараат за секаков стил – од романтичен и нежен до рокерски!

2. Мали чанти со ременче

Овие чанти беа вистински хит во 90-тите, а сега повторно се враќаат како и многу други трендови од овој период. Многу се практични, лесни и совршени за ситуации кога треба да ги носите само основните предмети. Се разбира, постојат и шик модели со кои ќе ги освежите дневните и вечерните комбинации.

3. Плик-чанти со ременче

Плик-ташните и понатаму доминираат како најмодерни чанти и се барани како никогаш досега. Модните дизајнери се одлучија да ги освежат со интересни ременчиња кои се прикачуваат за зглобот.

4. Торби

Торбите повторно се вратија на сцената и се поубави и пооригинални од кога било. Дизајнерите најавија најразлични бои, дезени и текстури кои можат да се вклопат со секој стил. Торбите се одлични бидејќи во нив можете да ги ставите сите предмети кои ви се потребни, па и повеќе.

5. Ранчиња

Ако мислевте дека по завршувањето на средното училиште повеќе никогаш нема да ги употребувате ранците се лажете. Хипи ранците се повторно во мода! Дизајнерите претставија најразлични модели, оригинални текстури, принтови, облици и бои.

6. Мали правоаголни чанти

Чантите со остри линии и дефинирана структура станаа популарни уште минатата сезона, а оваа сезона популарноста се подигна на повисоко ниво. Идеални се за деловни комбинации, но се почесто можеме да ги видиме и во свечени и секојдневни варијанти. Нивните строги линии даваат една нота на сериозност и професионалност.

7. Големи чанти со кратка рачка

Овој класичен модел не ја напушта модната сцена. Големите чанти со кратка рачка се одраз на добар и префинет стил и класичен модел со кој никогаш нема да згрешите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *