Модар домат на сицилијански начин

Lightened-up-Caponata-3-e1395743187676

Капоната е слатко и кисело предјадење за кое навистина не постои стандарден рецепт. Се прави од комбинација на модар домат, домати и целер, зачинето со засладен оцет, капери, кромид и зелени маслински.

Состојки

  • 1 голем модар домат
  • 1/4 шолја + 2 лажички ладно цедено маслиново масло
  • 1 голем кромид
  • 1/2 шолја сечкан целер
  • 450 г конзервирани домати
  • 1/2 шолја зелени маслинки, исечкани на половина
  • 3 лажици капери (по желба)
  • 1/4 шолја вински оцет
  • 2 лажици шеќер
  • морска сол, бибер по вкус
  • ладно цедено маслиново масло
  • свеж босилек, исечкан

Начин на подготовка

Излупете го и исечкате модриот домат и наросете малку сол на него. Ставете го во сад за цедење и оставете го одстои околу 1 час. Загрејте ја рерната на 200 степени.

Ставете го модриот домат во тава за печење обложена со мрсна хартија. Попрскајте го со 2 лажици маслиново масло и печете го 25-30 минути, или додека не добие кафенкаста боја и не се смали.

Во меѓувреме, во голем сад издистајте го сечканиот кромид со 1/4 шолја маслиново масло, на тивок оган. Додадете го целерот и 2 лажици вода и динстајте уште некоја минута.

Додадете си сечканите домати и динстајте уште 5 минути. Потоа додадете ги маслинките, капарите, оцетот и шеќерот и гответе уште 10тина минути. На крај додадете го печениот модар домат, промешајте и гответе уште пет минути.

Дозволете му ја доматот да прими од маринадата барем еден час пред да го сервирате јадењето. Може да се сервира топло или студено, па ако сакате можете да го оставите и во фрижидер.

Пред да сервирате наросете морска сол и свежо сечкан босилек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *