Милионска тужба заради вметнување на постоечки тетоважи во игра

tetovaza-nba-lebron-tocka-2016-01

Спортските симулации се жанр кој до детали ја пренесува атмосферата од спортските терени и сали. Без разлика дали станува збор за дресовите, фризурите или за тетоважите на играчите. Токму тетоважите им направија проблем на издавачите на играта „НБА 2К16“.

Имено, студиото за тетовирање „Солид оак скечес“ тврди дека издавачот на играта треба да плати лиценца за користење на нивните авторски дела во играта.

Во тужбата се наведува спорните тетоважи да се отстранат од играта, а како отштета да бидат исплатени по 150 илјади долари за секоја тетоважа што е искористена.

Тужбата е покрената за осум спорни тетоважи што ги носат играчите Леброн Џејмс, Коби Брајант, Деандре Џордан, Ерик Бледсо и Кенион Мартин, односно нивните виртуелни пандани во играта. Наводно студиото „Слолид оак“ веќе започнало постапка за лиценцирање на тетоважите и поради тоа сега бара над еден милион долари како отштета.

Инаку, авторски права за тетоважи всушност и не постојат, но од студиото кое ги тужи издавачите на „НБА 2К16“ тврдат дека цртежите и графиките што се дела на нивните артисти треба да бидат заштитени со закон. Од друга страна, тетоважите се направени по нарачка и многумина сметаат дека истите се во сопственост на играчите што ги носат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *