Места со најдепресивни имиња кои ќе ве насмеат

dsdqwd-1000x500-1000x500

Дали знаевте дека на светот постојат топоними кои имаат многу депресивни значења? Благодарение на современата технологија, а особено на веб-страницата „Profilesadtopographies Google map“ имате можност да се запознаете со места на светот кои имаат многу необични имиња и кои сигурно имаат добри причини за тоа…

Дејмиен Рад од Австралија е автор на Инстаграм профилот „Sad Topographies“ на кои се прикажани некои од најинтересните депресивни географски имиња. Според неговите зборови, се разбира на шега, тој смета дека кога сте депресивни треба да ги посетите САД, Австралија или Нов Зеланд бидејќи во овие краеви постојат доста локации кои имаат сосема необични имиња врзани за придавки кои најдобро опишуваат негативни човечки емоции.

Топонимите на местата, реките, планините и островите кои во себе носат имиња и значења како бесмисла, разочарување или беда не се нималку необични во овие краеви, а истовремено кај многу луѓе може да предизвикаат љубопитство и желба да ги посетат овие места. Овие локации обично се во тесна врска со раните фази на колонизација, кога првите доселеници имале што да кажат за животот и светот кој го затекнале. Многу од овие места се слабо населени и до ден денес, а ако подобро се распрашате ќе видите дека има стари легенди кои се поврзани баш за овие необични топоними.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *