Мејкап трикови за изморени очи

concealer

Коректорот не е единствен начин да направите очите да ви изгледаат одморено и свежо, туку само го привлекува вниманието на темните кругови под очите.

Денес ви нудиме неколку трикови со чија помош ќе успеете да скриете дека предходната ноќ не сте се наспале доволно.

Бело моливче за очи…

Ако нанесете бело моливче на пределот околу каналот за солзи, ќе создадете ефект на свеж, буден и опуштен изглед. Па затоа заменете го своето темно моливче со бело и ставете го и на долната водена линија на капакот и ќе создадете ефект како да сте наспани и свежи.

Светликава сенка за очи…

Нанесете светла светликава сенка за очи со благ сјај или седеф повторно во внатрешниот агол на окото. Со овој трик ќе го одвлечете вниманието од подочниците.

mejkap trikovi za ismoreni oci 01

Појачајте ги веѓите…

Здебелените веѓи ќе го одвлечат погледот од темните кругови. Користете моливче за веѓи за да симулирате густина. Со кратки движења пополнете ја внатрешноста на веѓите, а под нив нанесете светла сенка и со тоа ќе го “подигнете“ целиот предел околу очите.

Дебела линија на ајлајнер…

Впечатлива кафена линија на горниот капак ќе ги разубави очите на најсуптилен начин и ќе го привлече вниманието нагоре и подочниците ќе ги стави во втор план. Избегнувајте да ставате ајлајнер и маскара на долниот капак ако имате подочници бидејќи така ќе ги истакнете уште повеќе.

Користете руменило…

За да го пренасочите фокусот од исцрпените очи ставете светло руменило на јаболчиците и така ќе го осветлите целото лице. Користете нежно розе руменило со златни нијанси за да ги поништите сините тонови во пределот под очите. Кога очите ви изгледаат изморено, избегнувајте ги портокаловите нијанси кои ќе направат очите да ви изгледаат уште поизморени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *