„McDonald’s“ како модерна религија

mcjezus-otvorna

Во интересната уметничка пародија холандскиот уметник Каспер Брат го замисли популарниот глобален бренд за брза храна како модерна религија. Така, како централна фигура во инсталацијата се наметнува златна скулптура на Роналд Мекдоналд во ликот на Исус, а го следи и соодветна верска опрема во хибридна форма која обединува секојдневни форми кои може да се најдат во рестораните на „McDonald’s“ со оние кои се употребуваат на миса.

Авторот појаснува дека овој проект ја открива убавината на масовното производство и масовната култура која е доведена до екстремност која се граничи со божествени пропорции. Големите корпорации како McJesus внимателно ги промислуваат работите и ништо не оставаат на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *