Мали играчки и голема фантазија

The-Dove1-1000x500

Од оние кои планираат да ја зачуваат својата креативноста најчесто се очекува и бара да го зачуваат детето во себе кое на најлесен начин ќе им обезбеди нови идеи и можност да ги гледаат нештата „надвор од рамките“.

Дека тоа навистина е така го потврдува и неодамна објавеното дело на мексиканскиот фотограф Феликс Хернандез Родригез, кој иако е возрасен никогаш не престанал да си игра и да ужива во своите играчки.

Благодарение на досегашното искуство и работата на слични проекти, овој уметник успеа да ја претвори највеличенствената фантазија во реалност, бидејќи кога си играме само си ги замислуваме нештата – а реализацијата на неговите мисли е исклучителна и посебна.

Феликс Хернандез Родригез вели дека неговите фотографии никогаш не го прикажуваат она што постои во конкретната сценографија и поставка, туку она што постои во неговите мисли. Затоа и се одлучил во своите дела да прикаже играчки од детството, но за да не бидат само список на стари предмети и за да поттикне спомените од своето детство, Феликс креирал магични сцени за да ни ја покаже тајната врска меѓу фантазијата и играчките.

Мешањето на реалноста и малите модели и со помош на Фотошоп, кај овој фотограф создало специфични визии во кои не можеме да поверуваме додека не ја видиме постапката која ја употребил за да ни го покаже мистериозниот свет на неговата имагинација.

Погледнете што настанува кога ќе се спојат остатоците од детството и моќната фотографска визија.

Lost-660x576

The-Dove-660x662

Kerbero-660x876

Snow-Storm-Troopers-660x618

Spitfire-Down-660x660

The-Crow-660x659

Spitfire5-660x663

Star-Wars-Infinity-660x621

Storm-Trooper-660x535

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *