Македонија во чекор со светкиот тренд: Неформалното образование во подем

unnamed

Растот на тренинг центрите, академиите и останатите организации за неформално образование е тренд кој се наметна поради динамичниот развој на одредени индустрии, чии промени формалното образование во светски рамки несоодветно ги следи. Се работи за индустриите поврзани со напредни технологии, програмирање, социјални и дигитални медиуми, како и веб дизајн. Брзо растечките индустрии, трансформираните пазари, наметнуваат иста динамика и во образованието.

Сличен е трендот и на македонскиот едукативен пазар. Академиите со тесно специјализирани смерови, имаат значителен раст на новозапишаните студенти. Студентите на овие академии варираат во однос на претходно професионално и академско искуство: од студенти кои се запишуваат веднаш по зврашувањето на средното образование, студенти кои го напуштаат или надополнуваат формалното образование, па се до среден и висок профил на професионалци кои ја менуваат професионалната насока.

Еден од најбрзо растечките едукативни центри во Македонија е „Seavus“ Едукативниот и развоен центар, кој логистички и концепциски се потпира на експертизата на ИТ гигантот „Seavus“. Едукативниот центар има три академии со интензивни едногодишни студии студии – Академија за програмирање, Дизајн и Компјутерски мрежи на кои во тековната 2014/2015 студираат 120 студенти на сите насоки.

Она што програмата ја прави исклучително атрактивна се од една страна современите  курикулуми, докажаните предавачи и експерти, чија задача е покрај пренесување на знаењето и мотивирање и инсоирирање на студентигте, понатаму одличните услови за учење и работа и најважното стремежот на центарот низ реални проекти и активности, а со тоа да ги подготвува идните професионалци за сите предизвици кои доаѓаат од бизнис средината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *