Луксузна куќа за кучиња вредна 30.000 долари

luksuz-fancy-dizajn-samsung-99

Самсунг не е име кое обично се поврзува со домашните миленици, но британското претставништо одлучи да направи нешто поинакво.

Во соработка со компанијата „Crufts“ тие создадоа неверојатно луксузни домови за кучиња кои го носат името „Dream Doghouse“. Куќата ја создаде тим од 12 дизајнери и еден архитект и претставува вистинска мини-вила поделенана на две соби за одмор, забава и јадење и отворен простор за уживање. Се разбира, тука е и траката за трчање што им овозможува на кучињата да имаат доволно физичка активност. За оние кучиња кои сакаат да се опуштат и уживаат тука е и кадата за хидромасажа. Се разбира, бидејќи ова е дело на Самсунг на ѕидот е закачен Galaxy Tab S.

Цената на оваа куќа од соништата е околу 30.000 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *