Лето без компјутерски игри

naslovna2-1000x500

Изабела Урбаниак работи како фотограф, кога не се грижи за своите четири деца.Еден од проектите на кој работи е поврзан со семејниот живот – таа со својот фото-апарат го бележи растењето на своите деца.

Бидејќи нејзиното семејство има куќа на село, каде секоја година нејзините деца минуваат по еден месец за време на распустите, фото-серијата на Изабела се занимава со детските игри во природа, далеку од компјутерите и телевизијата.

Децата се препуштени сами на себе и мораат сами да смислат како ќе го минуваат времето. Кога не трчаат по полињата со своите две кучиња тие играат игри кои самите ги смислуваат. Во галеријата подолу погледнете како изгледа летото без компјутерски игри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *