Лесен и брз рецепт за Баба Гануш + тахини

Baba-Ganoush

Можеби името ви звучи познато, можеби прв пат слушате за ова јадење, но едно е сигурно – задолжително треба да го пробате! Ви претставуваме рецепт за Баба Гануш!

Потребни состојки:

  • 2 модри домати со средна големина
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици тахини
  • неколку листови магдонос
  • сол, бибер и мелен кумин

Подготовка:

Печете го модриот домат во рерна околу 20 минути.

Оставете го околу 15 минути да се излади. Излупете го и исечете го на парчиња, а потоа со останатите наведени состојки ставете го во блендер и миксајте додека не добиете кремаста смеса.

Сервирајте во чинија со свеж зеленчук и парчиња леб или брускети.

Јадењето во превод значи „татково уживање“, брзо и лесно јадење кое жените од арапските земји го прават кога сакаат да ги размазат своите драги личности од машкиот пол.

Доколку не успеавте да набавите тахини, можете да приготвите во домашни услови со што ќе добиете подобра варијанта без конзерванси и вештачки додатоци.

Пржете сусам многу кратко на среден оган во широк сад, постојано мешајќи за да не се залепат зрната.

Откако малку ќе ја промени бојата од бела во златна, тргнете ја тавата од оган оставете сусамот да се излади и ставете го во блендер со малку маслиново масло и малку вода и миксајте додека не добиете кремаста смеса.

Додадете малку сол и бибер, промешајте и тоа е се! Имате свој тахини кој може да го чувате во тегла во фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *