Легендите со своите најдраги миленици

poznati-i-njihovi-ljubimci-1000x500

За многубројните љубители на животни фактот дека многу работи може да се научат од нашите крзнени пријателчиња не е ништо ново. Сепак, ретки се фотографиите на кои може да се увериме дека многубројните славни личности не се само добри во својата професија туку и дека со голема љубов се грижеле за животните на кои секогаш им е потребна нашата грижа.

Психолозите говорат дека за развој на детето уште во најрана возраст многу е важно и потребно да растат грижејќи се за нешто, без разлика дали тоа е куче, маче или некое друго домашно милениче. Дека и славните личности, иако биле многу зафатени, биле способни да се грижат за некого потврдуваат и овие стари фотографии…

Енди Ворхол и верниот јазовичар.

Кет Стивенс со своето куче.

Алфред Хичкок и неговиот териер.

Дејвид Хокни е голем љубител на кучиња.

Ернест Хемингвеј со својот мачор.

Френк Синатра и Ринго.

Фреди Меркјури и неговата омилена мачка на која ѝ посвети песна.

Хамфри Богарт со својот шкотски териер.

Џек Керуак и Тајк.

Џејмс Дин и мачката која ја доби од Елизабет Тејлор.

Џон, Јоко и црната мачка.

Пабло Пикасо и јазовичарот Ламп.

Пол Макартни и Марта.

Винстон Черчил и пудлицата Руфус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *