Le Cube: МТV се пошегува со Џастин Бибер, Мадона, Ники Минаж…

le-cube-itsnicethat-list-8GLGL-1000x500

Анимациите и илустрациите кои ни доаѓаат од Јужна Африка, поточно од дизајнерското студио Le Cube, веќе си имаат свое место и своја верна публика. Од клиенти како Vodafone, Cartoon Network и Nescafe овој список на задоволни клиенти се прошири со уште едно големо име…

МТV денес е сериозна тв мрежа, која не е наменета само за тинејџери или оние кои ги интересира музиката. Со тек на време нивната програмска шема стана многу повеќе од она што беше во раните деведесетти, а благодарение на креативниот тим на студиото Le Cube, MTV овие денови сигурно ќе привлече уште поголемо внимание.

Според барањето на MTV, Le Cube создадоа седум GIF-анимации кои исмејуваат некои од најголемите имиња на поп-културата, а пред се музиката на денешницата. Меѓутоа бидејќи креативните достигнувања беа поголеми од очекуваните, MTV сакаше да се повлече од приказната пред да се појават адвокатите на познатите ѕвезди. Но студиото Le Cube одлучи да го заврши проектот по секоја цена, а ова се резултатите:

MTV IDs – POP KILL THE BORING from Le Cube on Vimeo.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *