Лаос уште една од земјите кои станаа познати благодарение на секс-туризмот

Thai-prostitutes-Patong-a-photo-on-Flickriver

Сѐ повеќе мажи од Европа патуваат во Лаос, држава која стана нова дестинација за сексуалниот туризам.

Оваа некогаш изолирана земја има многу соперници во опкружувањето, иако ниту една отворено не се претставува како „мека“ за сексуалниот туризам. Освен тоа, Тајланд во последните години се бори против ваквата своја репутација.

Пред само неколку години, речиси никој не можеше да добие туристичка виза за Мјанмар, а сега оваа држава очекува повеќе од три милиони туристи.

Во комунистичкиот Лаос странските посетители веќе создаваат 12 отсто од бруто домашниот производ, а иако Бангладеш никогаш не бил изолиран, како ни една од набројаните земји, денеска многу вложува во туризмот, па затоа и приходите од оваа гранка се за четири пати поголеми отколку во 2012 година.

Сексуалниот туризам на тој начин станува клучен дел од економијата на една земја.

Пред Тајланд да го достигне својот врв на популарност, сексуалниот туризам во деведесетите години од минатиот век во бруто домашниот производ придонесе со 27 милијарди долари. Од тоа немаа корист само проститутките, туку и хотелите, рестораните, туристичките организации, кафулињата, сауните, кабареата и секако клиниките. (Во Бангкок 19 отсто од сексуалните работнички во 2007 година имале ХИВ).

Токму заради јавното здравје, кога сексуално преносливите болести го достигнаа нивото на епидемија, Тајланд посака да се сврти кон поинаков вид туризам, што носи нови предизвици.

Некои сметаат дека е потребно легализирање на проституцијата за да може овој бизнис построго да се надгледува, како што е тоа случајот во Амстердам и Сингапур.

Доколку остане во „подземјето“, тешко ќе биде да се следат нејзините текови, смета Фил Робертсон, заменик директор на „Хјуман Рајтс Воч“ во одделението за Азија.

Легализацијата, сепак, не може да се занимава со самиот корен на проблемот – големата побарувачка. Затоа многу хуманитарни организации сметаат дека превенцијата е единственото долгорочно решение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *