Ламби кои им овозможуваат на растенијата да растат без сонце и вода

we-designed-these-lamps-to-grow-plants-in-windowless-spaces-5__880

Растенијата играат огромна улога во целокупниот изглед на ентериерот. Меѓутоа, при изградбата на домот, не секогаш е лесно да се предвиди сончевата светлина со положбата на прозорците, па понекогаш, некои простории стануваат непогоден простор за одгледување на зеленило.

Производот наречен „Mygdal Plantlamp“, ви овозможува да внесете малку живот во вашиот дом и без да ги имате идеалните услови за тоа. Имено, специјална светилка овозможува развој на вашите цвеќиња, без да се грижите за тоа дали тие ќе имаат доволно сонце или вода.

Креирани од страна на Емилија Лухт и Арне Себрантке од германското дизајнерско студио „We Love Eames“, овие светилки се направени за ентериери кои не нудат доволно услови за одгледување на зелени растенија. На тој начин тие биле инспирирани да развијат самоодржлив екосистем кој нема потреба да биде наводнет и до неколку години. ЛЕД светилките се одлична замена за сончевата светлина, и овозможуваат процес на фотосинтеза, со што растенијата немаат потреба од дополнителна грижа.

Ефектот е декоративен еко изглед на домот кој никого нема да го остави рамнодушен.

we-designed-these-lamps-to-grow-plants-in-windowless-spaces-7__880

we-designed-these-lamps-to-grow-plants-in-windowless-spaces-5__880

we-designed-these-lamps-to-grow-plants-in-windowless-spaces-2__880

We-designed-these-lamps-to-grow-plants-in-windowless-spaces2__880

We-designed-these-lamps-to-grow-plants-in-windowless-spaces1__880

We-designed-these-lamps-to-grow-plants-in-windowless-spaces__880

we-designed-these-lamps-to-grow-plants-in-windowless-spaces__880 (1)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *