Курт Кобејн како инспирација за новата колекција на Ив Сен Лорен

ysl-1000x500

Се чини дека оваа година многу работи ќе бидат обоени со музичкиот и стилски придонес на Курт Кобејн.

На тукушто завршената ревија за машка мода за сезоната пролет/лето 2016 година, познатата модна куќа Ив Сен Лорен покрај 58-те машки модели, прикажа и 19 фустани инспирирани од познатиот гранџ пар – Курт Кобејн и Кортни Лав.

Хеди Слимане е познат креатор кој работи за престижната модна компанија Ив Сен Лорен. За следната година, неговата претежно машка колекција содржи и по нешто за тренди девојките, или оние кои планираат да бидат тренди во текот на 2016 година. Инспирацијата се менува со времето, а Хеди од 60-тите и 70-тите отиде неколку чекори напред, во историските деведесетти и незаборавната епоха на гранџот, и така како тренди основа го зема познатиот стил на познатите икони на гранџот Курт Кобејн и Кортни Лав.

Како што самиот вели, основата на колекцијата е црната боја, лежерни кроеви, пончо, кожни и тексас јакни. Во деталите може да се забележи очигледната романтизација на раните деведесетти преку изборот на материјали и обувки, а доколку не се одлучивте каков стил ќе одберете за следната сезона – погледнете ја нашата галерија!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *