Кучиња скитници како ѕвезди во модните магазини

Psi-lutalice-zvezde-naslovnih-strana-1000x500

На уредниците им е се потешко да одберат насловна страница која ќе не привлече и која ќе влијае на нас да купиме некое списание. Но сепак, некои насловни страници остануваат во сеќавање.

Тоа била идејата за кампањата на невладината организација „Po Psu Ta Moda“ во чии рамки се направени фотографии од кучиња скитници на кои им е потребен нов дом, по примерот на одличните модни насловни страници.

Од насловната страница на Harper’s Bazaar на која се наоѓа Сара Џесика Паркер, до фотографијата на Адријана Лима од насловната страница на Вог, кучињата позираа со карактеристични модни детали.

Оваа кампања започна во август и досега повеќето кучиња за кои се грижи оваа полска организација си најдоа дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *