Совршени крофни со мармалад кои се топат во уста

23-2wo1kz3ae00aksjcqbalts

Нема некој кој не го обожава вкусот на меките и слатки крофни. Доколку баравте начини да ги изненадите вашите сакани, подолу го имаме рецептот кој ви е потребен.

Состојки:

– 20 гр. квасец
– 3 дл. млако млеко
– 30 гр. шеќер
– 500 гр. брашно
– 1/2 лажичка сол
– 4 жолчки
– 100 гр. путер
– Масло за готвење
– Мармалад по вкус

Подготовка:

1. Растворете го квасецот во 3 дл. млако млеко, додадете 30 гр шеќер и лажица брашно, покријте го садот и оставете го на топло, за да порасне.

2. Во поголем сад додадете го преостанатото брашно заедно со 1/2 лажичка сол, додадете 4 жолчки, 100 гр матен путер, а на крај квасецот, па замесете го тестото.

3. Тестото кога ќе биде готово нема да се лепи на садот. Оставете го на умерено топло место да нарасне околу еден час. Треба да се дуплира.

4. На подлога поросена со брашно растегнете го тестото во правоаголник со дебелина 2 см. Намачкајте мармалад на едната половина од тестото, а со другата преклопете.

5. Со калап се вадат крофни, кои треба да отстојат 15 минути, а потоа ги спуштаме во поголема количина врело масло. На крај поросете со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *