Кремаст солен чизкејк

Tomato-and-Basil-Cheesecake-finished-8

Чизкејкот стана омилен десерт на љубителите на слатки ширум светот. Постои во различни варијанти и комбинации на вкусови – од овошни до чоколадни – но дали некогаш сте пробале солен чизкејк?

Ако не сте пробале, тогаш задолжително пригответе го овој рецепт. Може да го послужите како самостоен оброк или како прилог на главното јадење.

Потребни состојки:

  • 300gr. брускети со неутрален вкус
  • 180gr. путер
  • 450gr. полномасен крем сирење
  • 4 лажици павлака за готвење
  • 2 големи јајца
  • 100gr. рендано чедар сирење
  • 1 поголемо чешне лук
  • 400gr. чери домати
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол и бибер
  • свеж босилек

Подготовка:

1. Вклучете ја рерната на 170 степени. Ставете ги брускетите во блендер и сомелете ги на ситно. Додадете го растопениот путер, па дополнително промешајте за да добиете леплива смеса.

Префрлете ја смесата во калап за чизкејк и притиснете ја во средината оставајќи ги краевите за да се добие кора.

Во подлабок сад ставете го крем сирењето, павлаката и јајцата и матете додека не добиете кремаста смеса. Додадете 2/3 од чедар сирењето и ситно сецкан лук и промешајте.

Распоредете ја смесата врз смесата од брускети. Додадете го останатиот дел од чедар сирењето и оставете да се пече 40-50 минути.

3. Додека се пече чизкејкот, измијте ги чери доматите, ставете ги во тепсија, попрскајте маслиново масло и зачинете со сол и бибер и ставете ги да се печат 15-20 минути додека не омекнат доматите.

Наредете ги доматите врз печениот чизкејк и послужете!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *