Кремаст мус од чоколадо и карамел

Salted-chocolate-pots-with-caramel-sauce-6

Со есента ви донесуваме и сласни рецепти кои се идеални за ова студено време бидејќи ќе ви ја згреат душата, а на вашите непца ќе им подарат вистинска симфонија на вкусови! Покрај тоа што овој рецепт е превкусен, се приготвува брзо и лесно!

Ви претставуваме фантастичен кремаст мус од чоколадо и карамел.

Потребни состојки:

  • 50г. путер
  • 300г. млечно чоколадо
  • 300мл. слатка павлака
  • 6 лажици сируп од карамел
  • прстофат крупна морска сол

Подготовка:

Ставете го путерот во сад, а потоа веднаш додадете го чоколадото и мешајте на тивок оган додека не се соединат. Додадете и слатка павлака и мешајте до соединување. Со лажица разлејте го сирупот од карамел во сад за сервирање а потоа размрдајте го садот за да се разлее карамелот насекаде во садот. Ставете го чоколадниот мус во сад и сервирајте кога потполно ќе се излади. Додадете прстофат крупна сол во секој сад и сервирајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *