Кремаст мус од бело чоколадо

Nordstrom-recipes-white-chocolate-berry-mo

Има ли нешто подобро од кремаст, чоколаден десерт кој лесно се подготвува? Ви го претставуваме рецептот за бел мус, за кој сме сигурни дека ќе ви се допадне. Освен тоа, неговата подготовка нема да ве задржи во кујната подолго од 20-на минути.

Состојки:

– 2 жолчки
– 45 г шеќер
– 30 мл вода
– 500 мл слатка павлака
– 250 г бела чоколада
– 50 г ситно сецкани бадеми

Подготовка:

Искршете на коцки 100 г бела чоколада и ставете ja во сад за готвење. Изматете го шеќерот и жолчките (наш предлог е ова да го направите на пареа). Сипете вода и почекајте се убаво да се соедини. Слатката павлака сипете ја откако ќе го тргнете садот од оган, и додадете ги и бадемите. Подготвено е за сервирање откако ќе отстои неколку часови во фрижидер.

Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *