Креативни начини за бојадисување на ѕидовите

Re-Paint

Доколку сакате да го освежите вашиот дом и да ги бојадисате ѕидовите, но не сте сигурни што сакате да направите, ви откриваме неколку креативни начини за бојадисување. Погледнете ги, сигурни сме дека ќе добиете инспирација.

1. Сунѓер техника – Ставете ја бојата во длабок сад, потопете мек сунѓер во него и со него оставајте отпечатоци од бојата на ѕидот. Можете да комбинирате повеќе бои за поинтересен изглед.

2. Метла техника – Ако сакате ретро изглед на ѕидовите, едноставно по бојадисувањето поминете со метла по површината за да оставите интересни линии.

3. Крпа техника – Потопете превиткана крпа во бојата и оставете интересни траги по ѕидовите.

4. Лимон техника – Отпечатоци од лимон на ѕидовите – зошто да не?

5. Пченка техника – Пченката ќе остави интересни точки на ѕидовите доколку со површината натопена со боја поминете преку зидот како со валјак.

6. Коноп техника – Премотајте коноп околу едно парче дрво, потопете ја површината во бојата и ќе направите интересни линии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *