Креативни начини да ги сокриете и разубавите лошите детали во домот

img2(1)

Домот е наша мала оаза на мирот во која се чувствуваме најпријатно и сè е уредено по наш вкус…Но, понекогаш се наоѓаат и детали кои ви „бодат очи“ и со кои не знаете што да направите. Тие го уништуваат изгледот на вашиот дом, но и вашето расположение.

Добро е што со малку креативност и фантазија можете да ги сокриете и разубавите сите неубави детали. Денес ви откиваме неколку фантастични и едноставни начини да го освежите изгледот на вашиот дом.

1. Разубавете ги каблите

Ако нешто ни пречи во домот тоа се каблите. Но невозможно е  да се избегнат, барем не во современиот свет. Затоа можете да ги сокриете или да ги разубавите. Еден од начините е од нив да направите симпатични декорации за на ѕид.

Друг начин, идеален за во детската соба е да направите ограда до самиот  ѕид зад која ќе ги наместите сите кабли. Така ќе бидат скриени и далеку од љубопитните детски прстиња.

Каблите зад работната маса можете едноставно да ги скриете така што ќе закачите парче платно да виси од задната страна, а зад него ќе ги поставите каблите.

Повеќе идеи ТУКА

2. Сокријте го неубавиот ѕид

Дури и неубавиот ѕид полн со цевки и кабли може да се сокрие со парче плоча на која ќе залепите убав тапет.

3. Сокријте ги неонките

Неонските сијалици во канцелариите навистина создаваат една вештачка атмосфера. За да ја прикриете, маскирајте ги неонките со плетена маска и одма ќе добиете домашна атмосфера во канцеларијата.

4. Сокријте ги рутерите

Рутерите станаа клучен апарат во секое домаќинство. Сепак, тие не се баш најпријатна глетка, а особено не каблите кои излегуваат на сите страни. Едноставно можете да ги сокриете така што ќе го ставите рутерот во декоративна кутија, а позади ќе пробушите дупки за каблите, па така тие нема да се гледаат од предната страна.

Друг начин да го сокриете рутерот е да го сместите во корици од стара книга. Генијално, зар не?

5. Освежете го изгледот на стариот фрижидер

Стариот пожолтен фрижидер можете да го освежите со помош на самолепливи тапети и да му дадете еден сосема нов изглед. Погледнете го упатството ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *