Крцкави брускети со моцарела и лук

Caprese-Garlic-Bread-02

Брускетите се италијанско предјадење, идеални за лесен оброк или ужинка. Уште една идеална работа во врска со ова јадење е што за нивната подготовка потребни се помалку од половина час, а кога ќе ги сервирате ќе ги снема за помалку од неколку минути!

Состојки:

  • путер
  • кришки леб
  • лук
  • листови свеж босилек
  • домат
  • моцарела
  • маслиново масло
  • оцет балсамико

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 180 степени, а додека се загрева рерната исечете кришки леб (со дебелина од 1cm) и намачкајте ги со путер, а потоа додадете ситно сецкан лук. Моцарелата и доматот исечете ги на кришки. Наредете ја моцарелата на кришките и ставете ги лепчињата да се печат, а во меѓувреме исецкајте ги и другите состојки.

По 10 минути извадете ги лепчињата и наредете ги доматите и босилекот. Вратете ги во рерна уште 5 минути, но овој пат на 200 степени.

Кога ќе се испечат брускетите капнете малку балсамико оцет и маслиново масло и вашите брускети се спремни за јадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *