Јапонците дизајнирале генијална маса која истовремено може да ви служи и како кревет. Дизајнот е познат како котацу маса-кревет. Котацу креветот се состои од ќебе поставено помеѓу рамката и таблата на ниската масичка, а под ќебето е поставен извор на топлина. Иако звучи малку бизарно мора да признаеме дека ова е всушност феноменален изум од земјата на изгрејсонцето.
Овој изум не е сосема нов и може да се каже дека датира уште од четиринаесеттиот век, во изумот наречен ирори. Во 17-от век ирори се вкопувал во земјата, и бил нарекуван оки-готацу, наликувајќи на современиот котацу. Бидејќи многу јапонски домови имаат слаба топлинска изолација, котацу служи како ефективно место за греење во студените зимски месеци.