Колачиња од две состојки готови за само 30 секунди

maxresdefault

Ако сте едни од оние кои сакаат колачи, а притоа сакате и да се храните здраво, тогаш овој колач е вистинско решение за вас. И не само што е здрав, туку е и толку едноставен што дури и најнеспретните во кујната би можеле да го подготват.

Потребни ви се само две состојки: една банана и шолја овесни снегулки.

Подготовка:

Излупете ја бананата и ставете ја во чинија. Додадете ги овесните снегулки. Можете да додадете и суво овошје по желба. Помешајте ги сите состојки, гмечете додека да се соединат и добиената смеса обликувајте ја во кругови.

Колачите можете да ги приготвите на два начина – во микробранова и во рерна. Доколку решите смесата да ја приготвите во рерна, потребно е да ја печете околу 15 до 20 минути на температура од 170 степени. Ако сепак се одлучите за  микробранова, оставете ја смесата од 30 секунди до 1 минута, но внимавајте да не изгорат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *