Кои се земјите со најмногу иселеници?

20160113__Living_Abroad_Forbes (1)

Според статистиките кои вчера ги објави познатиот магазин „Forbes“, Ирска има најголем процент на жители кои се родени и живеат надвор од својата земја. Иако во однос на изминатите години земјата започна да се опоравува од катастрофалното влијание на финансиската криза, сепак, годинава емиграцијата резултираше со 35.300 луѓе кои ја напуштиле својата држава. Во однос на годината претходно кога се иселиле 40.700 Ирци, стапката е намалена за 13%. Овие статистики покажуваат дека еден од шест Ирци живеат надвор од земјата од која потекнуваат.

Нов Зеланд, Португалија и Мексико се земјите кои се најдоа веднаш зад Ирска на оваа листа, а големите сили како Австралија, Бразил, Јапонија, САД и Кина, очекувано беа на дното, со најмала стапка на иселеници.

Со оглед на тоа што истражувањето е направено од страна на Организацијата за економска соработка и развој во која се вклучени само овие 34 земји, не можеме да погледнеме како би изгледала Македонија на оваа табела. Земајќи го предвид фактот што речиси сите имаат по некој роднина или пријател кој живее надвор од неа, сигурно би котирале некаде високо на листата.

20160113__Living_Abroad_Forbes (1)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *