Кои се условите за вработување во НАСА?

download (3)

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека бара астронаути, а Бизнис Инсајдер одлучи да истражи кои се условите кои мора да ги задоволи потенцијален кандидат.

Да се стане астронаут е една од најпопуларните желби кај децата, која станува фантазија со нивното созревање, сметајќи дека не се способни да ги задоволат ригорозните услови кои се бараат за таа работа. Гледајќи ги филмовите и сериите стекнавме впечаток дека астронаутитие, или инаку вработените во НАСА, се луѓе со надчовечки способности, речиси суперјунаци. Меѓутоа, тоа и не е така.

Бизнис инсајдер малку истражуваше и откри дека многу „познатите‟ услови за вработување во НАСА се повеќе мит отколку реалност. Условите навистина се тешки, но дефинитивно не спаѓаат во категорија на невозможни.

Мит: Треба да имате совршен вид.

Вистина: Од 2007 година, се прифаќаат и лица кои се подложени на ласерско намалување на диоптријата, под услов да помине една година од операцијата.

Мит: Треба да бидете на одредена возраст.

Вистина: Не е поставена старосна граница, па се одбрани кандидати стари од 26 до 46 години. Навистина, потребни ви се најмалку три години искуство во некоја поврзана дејност.

Мит: Треба да имате пилотско искуство за да бидете астронаут.

Вистина: Искуството е пожелно, но не е потребно. Од друга страна, ви треба диплома од некој факултет од природна или техничка насока.

Мит: Ви треба воено искуство.

Вистина: Военото искуство е зачестено меѓу астронаутитите, но не е услов. Но, треба да поминете астронаутски тест на издржливост.

За заинтересираните, кои сметаат дека можат да ја пополнат квотата, НАСА почнува да прима пријави од 14 декември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *