Кога во најсувата пустина во светот ќе заврне дожд

atacama-flowers-bloom-worlds-driest-desert-6

Атакама е пустина во Јужна Америка што се простира околу 1 000 км покрај брегот на Тихиот Океан во северните делови на Чиле.

Спаѓа во таканаречените приморски пустини, кои се формираат во тропските предели на западните брегови на континентите. Делумно е песоклива, а делумно каменита пустина. Годишните количества врнежи се под 50мм. Најчесто се случуваат во периодот на месеците октомври и ноември. Тоа е периодот кога оваа пустина од здодевно и суво парче земја се претвора во нешто неверојатно.

Имено, под нејзиното тло се крие вистински живот, кој излегува на поршината само во овој период. Оваа година, благодарение на ураганот Патриција, феноменот изгледа помоќно од кога и да било досега. Илјадници розови цветови расцветаа на тлото на пустината Атакама, создавајќи фузија од бои привлечни за секого. Доколку сте љубители на уникатната природа, тогаш ова место дефинитивно треба да го имате предвид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *