Кое е најпопуларно женско име во светот?

2-bi-quyet-vang-neu-muon-tang-chieu-cao-cho-tre-nhanh-chong4

Најпопуларно име за девојче во светот е Софија, а земји во кои најмногу е застапено ова име се Мексико, Италија, Русија и САД.

Лаура Ватенберг, експерт за имиња која ја спровела анализата, вели дека името Софија ги надминува културите и границите.

„Интересно е што на толку различни јазици и во толку различни култури едно име звучи еднакво. Тоа сигурно зборува нешто за начинот на кој културата се пренесува денес‟, рече Лаура Ватенберг за Live Science.

Софија е меѓу првите 25 имиња во две третини земји кои водат статистика за зачестеноста на давање на одредени имиња на децата, повеќето во Европа и во Америка, но пред една генерација, ова име не било популарно.

Неговата моментална голема популарност Ватенберг ја објаснува со фактот дека името лесно се изговара на разни јазици и дека значи „мудрост‟.

„Потешко е да се објасни зошто не било посакувано име и во претходната генерација‟, вели експертот.

За разлика од Софија која го освојува светот, имињата инспирирани од религијата како Марија и Ивана се’ се поретки.

„Родителите на децата даваат повеќе уникатни имиња за кои воедно сметаат дека звучат помодерно‟, вели Ватенберг и додава дека на „кралицата‟ на женските имиња наскоро може да и паѓа популарноста, токму поради тоа што има многу имиња Софија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *