Кое е најдобро природно масло за вашиот тип коса

Hair-oil-treatment

Сигурни сме дека веќе знаете дека природните органски малса се вистински благодет за нега на косата. Но, исто како комерцијалните препарати за коса, и маслата имаат различно влијание на косата.

Погледнете кое масло ѝ одговара на вашата коса:

Кокосово масло – Ова масло е најделотворно и најчесто се препорачува како природен третман за нега на косата. Освен што го смирува скалпот, маслото ги отстранува последиците од штетното делување на смогот и УВ зраците. Кокосовото масло може да ја регенерира косата која е многу оштетена од честото фарбање и хемикалии. Ако сакате масажа на главата, благо загреаното кокосово масло е идеално за тоа. Значи, ако имате многу оштетена и сува коса најдобар избор за вас е органско рафинирано кокосово масло кое можете да го купите во секоја продавница за здрава храна.

Рицинусово масло – Рицинусовото масло е најдобро решение за сувиот скалп, бидејќи делува како хидратантно средство и го забрзува растот на косата. Ако интензивното опаѓање на косата е вашиот проблем, ова масло ќе се погрижи за обновување и зајакнување на косата. Втријте го маслото на кожата на главата и оставете го да отстои цела ноќ. Наутро измијте ја косата со обичен шампон. Практикувајте го ова еднаш во неделата и ќе забележите подобрување за само неколку месеци.

Масло од јојоба – Ова масло одговара за сите типови коса, а познато е по тоа што одлично делува на сувите и испукани врвови.

Масло од нане – Добрата циркулација на главата е од исклучителна важност за здрава и густа коса. Маслото од нане ќе се погрижи за тоа и ќе обезбеди доволно кислород. Резултатот ќе биде цврста и густа коса.

Масло од лимон – Ако имате масна коса тогаш маслото од лимон е идеално решение за вас. Одлично е и во борбата против перут, вошки и воспаленија на скалпот. Нанесувајте од маслото еднаш во неделата и оставете да делува еден час, а потоа исплакнете го со благ шампон.

Бадемово масло – Бадемовото масло е богато со омега-3 и омега-6 масни киселини кои се познати по тоа што ја зајакнуваат и ревитализираат косата. Масирајте ја главата со ова масло два пати во неделата за да го забрзате растот на косата.

Масло од чајно дрво – Ова масло исто така одговара за масна коса, бидејќи го контролира создавањето на себум, а истовремено ја враќа влажноста на косата. Чајното дрво е добро решение за отстранување на првутот, а неколку капки од ова масло во комбинација со маслиново масло ќе направат вашата коса да блеска.

Маслиново масло – Маслиновото масло е најдобро решение за исушена коса во летните периоди. Кога ви е потребна дополнителна нега, па дури и после бањање во базен со хлорирана вода, нанесете од ова масло на косата, замотајте ја во топол пешкир и по половина час исплакнете ја со благ шампон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *