Катманду некогаш – фотографии од градот кој повеќе го нема

02988_s_8ab3497ny5381-1000x500

Како што сигурно знаете Непал беше погоден од силен земјотрес чија последица е смрт на повеќе од 6000 луѓе, а трагедијата не само што однесе многу човечки животи, туку и го уништи и главниот град Катманду. Според зборовите на фотографот Кевин Кели кој во далечната 1976 година го фотографираше главниот град на Непал, станува збор за град кој изобилува со ситни детали на древните градби. Денес, благодарение на фотографиите на поединци можеме да видиме што сè уништи разорниот земјотрес…

Ако внимателно ги погледнете фотографиите, на нив може да забележите нешто необично – таму нема никакви автомобили, па дури ни велосипеди. Во периодот кога Кели ги направил овие фотографии Катманду бил град на пешаци! Веќе неколку децении градот не е таков, и оној дух кој го овековечил уметникот е едно сосема друго време, време во кое немало сигнализација, сообраќај, реклами…Како што раскажува Кели денес Катманду е многу помодерен од времето кога ги направил овие фотографии, но несреќните околности направија и овие стари фотографии денес да се гледаат со носталгија!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *