Карбонара компири со топен кашкавал и сланина

154-2zuwr8b8wnmv05sb5pux34

Најчестиот „гостин“ на сите трпези- компирот, овој пат во комбинација со топен кашкавал и сланина, претставува одлична шанса за деликатесен ручек, заслужен по напорниот работен ден…

Потребни состојки:

  • 1kg компир
  • 1 мал кромид
  • 150g сланина
  • 300ml слатка павлака
  • 80g кашкавал по желба
  • 1 јајце
  • Сол
  • Зачини по желба

Подготовка:

Компирите добро измијте ги, излупете ги и исечете ги на дебели кругови. Сварете ги во зовриена вода околу 10 минути. Не треба да ги преварите, затоа што допрва ќе ги печете.

Помешајте ја павлаката со јајцето, кашкавалот и зачините.

rucek-nabrzina-kompir-karbonara-so-topen-kaskaval-i-slanina-2

На тава за печење наредете ги проварените компири, па прелијте ги со павлаката. Пропржете ги сланината и кромидот на малку масло, па додадете ги во тавата. Измешајте додека сосот не се промеша добро со сите компири.

rucek-nabrzina-kompir-karbonara-so-topen-kaskaval-i-slanina-3

Вклучете ја рерната на 200 степени и печете 20-30 минути. Ако компирот е недопечен, продолжете го времето за 10 минути. Сервирајте додека топло. За побогат вкус може да ставите малку пармезан одозгора.

rucek-nabrzina-kompir-karbonara-so-topen-kaskaval-i-slanina-4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *