Какви се хороскопските знаци во брак?

724-306k46uksbci5lclngvmkg

Овен

Мажот Овен лесно се одлучува за брак, не бега од одговорностите и сака да доминира. Покрај себе сака убава и паметна сопруга, која ќе му даде доволно слобода. Често се случува да бара дополнително задоволство надвор од домот.

Жената Овен секогаш ќе ги подржува амбициите на партнерот, бидејќи покрај себе сака успешен сопруг. Ќе ги исполнува сите брачни обврски, но нема да сака да се откаже од своите интереси. Активна е и секогаш добро организирана. Склона е на љубоморни испади.


Бик

Мажот Бик е многу посветен на сопругата и децата. Секогаш се труди на семејството да му обезбеди сè најдобро во животот. По природа е мирен и добродушен. Мажот Бик е еден од најстраствените мажи во хороскопот.

Жената Бик истото така е посветена на брачната заедница и подготвена е да жртвува сè само за да ја сочува хармонијата. Ја подржува изреката дека љубовта доаѓа од стомакот, па затоа таа е одлична домаќинка. Од сопругот очекува да биде успешен и да и овозможи сигурност.


Близнаци

Мажот Близнак не е најидеален партнер за брак. Животот со нив може да ви биде убав, интересен и опуштен, но покрај себе сакаат да имаат сопруга која нема да ги ограничува. Од друга страна пак, Близнаците и на својата сопруга и даваат потполна слобода. Шармантен е и сака да флертува.

Жената Близнак по малку е несигурна, но подготвена е да се менува во име на бракот. Често многу е приврзана за својот сопруг. На жената во овој хороскопски знак и одговараат мажи кои можат интелектуално да ја предизвикуваат. Не е тип на сопруга која ќе даде сè за семејството.


Рак

Мажот Рак е традиционален и силно се приврзува за семејството, но за семејството од кое потекнува. Иако важи за идеален партнер, не е лесно да се живее со него. Најмногу време сака да поминува дома и знае да биде вистински домаќин.

Жената Рак е чувствителна и верна на својот сопруг. Таа пред сè е мајка која е полна со љубов и разбирање. Семејството ѝ е најважно. Бара сопруг кој во секој момент ќе и биде потпора и ќе ја заштитува. Лесно стапува во брак и уште полесно се препушта на иницијативата на партнерот.


Лав

Мажот Лав сака да биде центар на светот на својата сопруга. Смета дека сите во семејството треба да му бидат подредени. Како родител воопшто не е строг, бидејќи самиот е едно големо дете. Неговата сопруга мора да биде убава, негувана и секогаш дотерана.

Жената Лав е организирана и секогаш наоѓа време за сè, па домашните обврски никогаш не ги запоставува. За амбициозните мажи таа е идеална прилика. Нејзината појава ги воодушевува сите, па со гордост ќе можете да ја покажете на семејството и пријателите. Лојална е и страствена.


Девица

Мажот Девица во бракот сигурно ќе биде највредниот маж кој некогаш сте го запознале и некој кој на прв поглед сите би го посакале. Не е посесивен, но не е ни посебно страствен. Често е конзервативен со сфаќањата и не е многу романтичен.

Жената Девица е аналитична и доколку не се одлучи за брак од интерес, тогаш во брачната заедница таа е чувствителна сопруга и мајка. Способна е сè да држи под контрола. Од мажот очекува да биде одговорен. Често делува како ладна личност и физичкото задоволство не и е примарно.

Вага

Мажот Вага е вистински уметник во љубовта, но не е некој на кого му одговара брачниот живот. Тешко се прилагодува. Го привлекуваат жени кои се грижат за сопствениот изглед и кои умеат да се спротивстават кога е потребно. Страсни се, но и неверни.

Жената Вага привлечна и софистицирана жена која секогаш е опкружена со додворувачи. Таа е идеал за кој сонуваат сите мажи. Во бракот тежнее кон хармонија. Жената Вага е вистинска дама која не преферира да ги извршува домашните работи. Сопругот треба да ја и обезбеди луксузен живот.


Скорпија

Мажот Скорпија е посесивен и љубоморен сопруг. Со него тешко може да се достигне среќа во бракот. Непријатните ситуации можат да се избегнат доколку сопругата постојано му ја покажува својата голема љубов. Не сака ладни и доминантни жени, бидејќи смета дека е „глава“ на семејството.

Жената Скорпија сериозно му пристапува на бракот. Партнерот го одбира со срцето, а не разумот. Подготвена е да направи сè за да ги усреќи сопругот и децата. Од друга страна, очекува да биде сакана и бескрајно почитувана.


Стрелец

Мажот Стрелец е роден авантурист како во животот, така и во љубовта. Не тежнее кон брак по секоја цена. Неговата сопруга мора да биде елоквентна, забавна и способна да функционира и без него. На љубовта гледа потполно различно од другите, а љубомората воопшто не ја толерира.

Жената Стрелец пред се е мудра и пријателски настроена како сопруга. Во состојба е да го следи секаде својот партнер. Во бракот не поднесува монотонија и сè ќе направи заедничкиот живот да не ѝ биде досаден. Потребен ѝ е некој кој знае како да се забавува.


Јарец

Мажот Јарец најчесто е посветен на својата кариера, па доста доцна стапува во брак. Сопругата покрај него секогаш ќе чувствува сигурност, но ќе биде лишена од емотивни изливи на нежности. Несвесно секогаш одбира жена која сака да доминира, но очекува и неговите правила да ги почитува.

Жената Јарец е како создадена за мажот кој сака мирен семеен живот без возбудувања. Мажот може да биде целосно сигурен во нејзината верност. Сепак, како сопруга, таа е ладна и воздржана. Не умее да ги покаже своите емоции, дури и тогаш кога е заљубена.


Водолија

Мажот Водолија е непредвидлив и не е идеален за брак. Неговата избраничка не треба да ги отвори сите карти, ако сака да го задржи неговото внимание, бидејќи тој лесно може да се насочи кон некоја личност која е позабавна, поспособна и интересна.

Жената Водолија е едноставна, необична и секогаш пријателски настроена кон својот сопруг. Од бракот бега сè додека не се појави оној Вистинскиот. Во кујната не се снаоѓа најдобро, но затоа ништо не крие и не се срами да ги покаже своите емоции. Склона е кон авантури, ако чувствува дека нејзиниот живот станал рутина.


Риби

Мажот Риби е еден од најдобрите кандидати за брак. Подготвен е да ги исполнува сите желби на својата сопруга, ако има можност за тоа. Најголемиот дел од времето сака да го поминува со своето семејство. Тешко се одлучува да го ризикува брачниот живот за љубовница.

Жената Риби е толку страствена што сите други жени ги фрла во сенка. Често нема доволно сила и волја своите фантастични идеи да ги спроведе во реалноста, па потребен и е маж кој ќе ја води низ животот. Од бракот не се откажува дури и кога чувствува дека повеќе среќа би нашла на некое друго место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *