Какви се хороскопските знаци кога се сингл?

dolcegabbana-dg-fall-winter-2013-full-print-ad-campaign-italy-taormina-sicily-man-fashion-photography-marianovivanco-runway-menswear-baroque-modern-tailoring-05

Дали вашиот статус сингл е избор во кој уживате и чиј предизвик го избравте сами или чувствувате дека ви е наметнат и дека тоа не е природен начин за да живеете? Како излегувате на крај со својот статус сингл, значително зависи од тоа кој е вашиот хороскопски знак.

Овен

Овните се природни водачи и се во состојба да уживаат во предноста да бидат сами. Не сакаат да бидат попречувани и своето однесување и постапки да ги прилагодуваат на некого, па така за нив во самотијата нема ништо неприродно. Тие ја доживуваат како слобода за да ги искажат своите способности и темперамент.

Бик

И овој знак ја цени својата независност и самостојност. Биковите имаат силна волја и сакаат да ги прават работите на свој начин. Премногу ги иритира кога некој им се спротивставува и им наредува да постапат поразлично. Повеќе се плашат да влезат во врска после долг период на самотија, отколку да останат сами после долга врска.

Близнаци

Изразито самостојни, енергични и луѓе од акција, Близнаците се ужасуваат од врзување и обврзување. Тие се премногу динамични и со променливо расположение, па се склони да почнат да се досадуваат кога се во стабилна врска. Премногу се привлечни и ретко се случува да бидат сами, но со вештото балансирање успеваат да одржуваат лабави и површни врски, без вложување и посветување.

Рак

Раковите се многу комплицирани и осетливи души. Тие ги ценат својата слобода и независност, па немаат проблеми да бидат сами. Меѓутоа, потребен им е некој кој ќе се грижи за нив и ќе им пружи поддршка додека поминуваат низ своите бурни емотивни кризи. Не доаѓа во обѕир да бидат сами, и кога сингл периодот ќе потрае, тие го преживуваат со помош на мечтаење за тоа дека ќе пронајдат партнер каков што им е потребен.

Лав

На Лавовите им е тешко да бидат сами, иако сметаат дека се многу јаки и независни. Сепак, на нив им е потребно да имаат некој кој ќе ги смирува и зауздува кога лавовски ќе се разбеснат, како што им е потребно и да имаат поданици и обожаватели. Ова е можеби најнесамостојниот знак во хороскопот.

Девица

Девиците бараат многу и се комплексни личности кои нема да ги намалат своите критериуми и да се прилагодуваат за да не останат сами. Тешко им е да пронајдат некој што ќе им одговара, а некој што не им одговара не доаѓа предвид. Ако самуваат, тоа е поради тоа што не пронашле некого, а не поради тоа што сакаат да бидат сами.

Вага

Вагите се независни мислители, но тие ги сакаат луѓето и уживаат во нивното одобрување. Предизвикуваат симпатии и потребно им е обожавање. Кога се сами, тоа е поради тоа што мора да се одморат од постојаното заљубување во секого кој ќе им покаже наклоност.

Скорпија

Како партнери, можат да бидат верни и посветени, ако се освоени. Меѓутоа, на нив им е сосема природно да бидат сами. Имаат доволно своја работа, интересирања и амбиции, за да им го окупираат целото внимание. Кога се сами, се чувствуваат слободно и задоволно со себе, нив самотијата не ги плаши и загрозува.

Стрелец

Стрелците се дружељубиви и привлечни и сакаат да освојуваат, но не сакаат да се обврзуваат. Тие бараат авантура и фасцинација, а освен тоа, доста добро се чувствуваат и сами.

Јарец

На нив не им е потребен некој кој ќе ги одобрува и ќе им додава гориво на нивната самодоверба. Со својот независен дух, Јарците удобно се чувствуваат во самотијата.

Водолија

Тие ја сакаат слободата повеќе од љубовта. Дури и кога ве обожаваат, ќе ја задржат дистанцата и независноста. Ним самотијата не им е само природна, туку и неопходна за да се чувствуваат нормално.

Риби

Од сите знаци, на Рибите врската им е најпотребна. Тие се пречувствителни, несигурни и склони кон самосожалување, па за нив самотијата е опасна по нивната емотивна стабилност. Кога се сами, тие минуваат низ многу маки и кукање, а тоа е знак дека веќе поминале преку границата на стабилноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *