Како со стари трикови да освоите современа дама

pickupwomanlikegrandfatherdid-1000x500-1000x500

Правилата за успешен љубовен живот и заведување некогаш биле сосема различни од денешните. 

Кога би ги прашале вашите баби и дедовци како изгледало тоа ќе сфатите дека приказната за старите добри времиња всушност значела дека се почитувале правила на однесување, но тие никогаш не се доживувале како правила, туку како добро домашно воспитување.

Денешното сурфање по друштвените мрежи и профили лесно ја замати поентата на она зошто е важно одредени правила да не се заборават, а меѓу нив и правилата за освојување на саканата личност.

Времињата на витешки борби за освојување на раката на саканата никогаш нема да се вратат, па сепак, тоа не значи дека одредени работи од прирачниците  на вашите баби и дедовци не можат да се применат во секојдневниот живот. Напротив, има сè помалку вистински џентлмени па и нивната побарувачка е висока. Во 21 век кога сè се случува инстант и виртуелно не треба да се прескокнат некои мудри совети.

1. Бидете пристојни

Не мора да бидете мачо. Жените сакаат кога мажот е мешавина од сè по малку – способност во работата, нежен, внимателен и чувствителен на уметност, но клучно е прво да имате убави манири.

Uljudnost-660x400

2. Нарачајте што пие таа

Интеракцијата со жена е како разговор за работа, можете да бидете допадливи, но за да бидете пофалени за вашата работа мора да научите и нешто за работодавачот. Ако сакате да ја освоите во бар, внимателно пријдете и, забележете што пие и нарачајте го истото, но за двајцата. Истиот пијалок би можел да биде првата тема за разговор.

фоф

3. Поканете ја на танц

Научете да играте, а ако веќе знаете, тогаш ослободете ги колковите. Нема потреба да импресионирате некој, а вашата симпатија доволно ќе ужива затоа што ќе види дека сте подготвени да се опуштите и да се насмеете на вашата смотана страна. Доколку сте премногу трапави однапред предупредете ја вашата партнерка и замолете ја да ви помогне.

tanc

4. Не бидете напорни со своите монолози

Би било корисно помалку да раскажувате приказни за тоа колку сте горди на себе. Ако сте во недоумица околу тоа какви вибрации треба да пуштите водете се според следното правило – 25% самодоверба, 25% шарм и 50% неупадливост.

monolozi

5. Настојувајте да бидете помалку зборлести

Бидете пристојни и пријателски настроени, но настојувајте да ја скротите зборлестата црта ако ја поседувате. Зборувајте малку помалку, а слушајте малку повеќе и барем во првата фаза на запознавањето обидете се да извлечете максимум од ситуацијата. На овој начин подобро ќе се запознаете со личноста.

zborlesti

6. Бидете кавалер во секоја смисла

…Не гледајте во нејзините гради! Витештвото можеби е мртво, но тоа секогаш може да се врати во ситниците, само ако знаете за ситните и едноставни гестови како придржување на вратата или едноставното нудење помош.

kavaler

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *