Како Хилари Клинтон се снаоѓа во улогата на шанкерка?

snl hillary clinton bar talk

Во обид да ја прикаже својата „поопуштена страна“ и притоа да го подобри својот рејтинг, поранешниот американски државен секретар и главен фаворит за демократски кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон, синоќа се појави во улога на шанкерка во еден телевизиски скеч емитуван во ударниот термин.

Видно расположена, Клинтон гостуваше во популарното телевизиско шоу „Сабота навечер во живо“, каде одглуми шанкерка, а партнерка во скечот и беше комичарката Кејт Меккинон, која е позната по тоа што добро ја имитира.

Клинтон, кој во јавноста обично се доживува како „крута“, „премногу сериозна“ и „неспособна да се шегува на своја сметка“, во скечот ја играше шанкерката Вал, која ги слуша поплаките на „вистинската Хилари“ (Кејт Мекинон) и при тоа дури се обиде да го имитира нејизниот главен ривал од редовите на републиканците, Доналд Трамп.

На крајот на скечот, Клинтон и Мекинон заедно ја отпеаја песната „Lean on Me“ (“Потпри се на мене“).

По завршувањето на шоуто, Клинтон на Твитер објави: „Со гласањето за Хилари, гласате за уште четири години имитации на Кејт“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *